Хроника 18. ноември 2019. / 15:53

Гостиварец повеќе пати го силувал детето на неговата невенчана сопруга

Гостиварец повеќе пати го силувал детето на неговата невенчана сопруга

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот во повеќе наврати во текот на 2019 година искористил погодни прилики и извршил полови дејствија врз жртвата – дете на неговата невенчана сопруга.
Случајот, по добиени определени сомнежи и сознанија, бил пријавен од службени лица од Центарот за социјални работи Кичево.

Надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основен суд Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години.