Хроника 09. февруари 2021. / 11:30

Гостиварец ја претепал сопругата, па и се заканувал дека ќе ја убие

Гостиварец ја претепал сопругата, па и се заканувал дека ќе ја убие

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар синоќа околу 2 часот го лишиле од слобода 45-годишниот гостиварец К.Т.

-К.Т. претходно во нивниот семеен дом физички ја нападнал неговата 37-годишната сопруга и со остар предмет и се заканил по животот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок.