Хроника 18. март 2019. / 14:20

Гори викендичка кај Марков манастир

Гори викендичка кај Марков манастир

Пожар во моментов е активен во Маркова Сушица, на патот од Марков манастир кон Добри дол, објави Фокус.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека на терен се испратени две противпожарни екипи, а ќе биде испратено уште едно возило.

Според информациите од терен изгорена е една викендичка, а од пожарот зафатени се и бандери на ЕВН Македонија.