Хроника 02. јули 2018. / 12:44

Гореше викендица во прилепско – екипите на веднаш излегле на терен

Гореше викендица во прилепско – екипите на веднаш излегле на терен

Гореше викедница во прилепско, за среќа повредени нема. Како што информираат од полицијата, вчера во 15.20 часот во Центарот за известување и команда Битола, од Територијалната противпожарна единица Прилеп бил пријавен пожар во викендица и штала лоцирана во близина на А.Д. „Црн Бор“-Прилеп, сопственост на Б.Т. (75) од Прилеп. Повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.