35- годишен маж од Свети Николе загина вчеравечер на плажата Лагадин , кога скокнал во Охридското Езеро на глава и удрил во подводен камен.
Вчеравечер во 20,00 часот било пријавено дека во Охрид на плажата „Лагадин“, Д.Л.(35) од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата.
Од здобиените повреди, при транспорт во болница, истиот починал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, соопшти МВР.