Хроника 13. февруари 2019. / 19:55

Голема трагедија ја потресе Македонија: Десет лица го загубија животот кај Ласкарци

Голема трагедија ја потресе Македонија: Десет лица го загубија животот кај Ласкарци

Во исчекување на официјална потврда за денешната страотна несреќа на патот Скопје – Тетово, репортерите на Сител од теренот јавуваат за најмалку 10 загинати.

МВР се уште не соопшти колку загинати и повредени има во превртениот автобус кај Ласкарци, кој сообраќал на релација Скопје – Гостивар.

Од Градската хирурршка болница официјално соопшти дека починале 4 лица, а за животот на петто лице, патник од автобусот се уште се борат.

Петмина од повредените се згрижени во Ургентниот центар, и според изјавата на д-р Хасани за Сител и се животнозагрозувачка состојба на кои итно им е потребна хируршка интервенција.

Меѓу овие повредени има и една трудница, а останатите се возрасни лица. Поради сериозноста на повредите мобилизиран е целиот медицински персонал на Ургентниот центар и ослободени се сите операциони сали, изјави д-р Хасани.