Хроника 20. септември 2018. / 21:33

Голема рација на МВР во Сити Мол, полицијата во потрага по дрога и оружје

Голема рација на МВР во Сити Мол, полицијата во потрага по дрога и оружје

Порталот Република дознава дека во моментов се одвива голема акција на МВР на третиот кат во паркингот на Сити мол. Полицијата фатила две возила со дрога и оружје, мерцедес и уште едно возило за кое засега немаме информации која марка е. Според шепкулациите, се работи за извесен Шеваљ од Грчец.

Портпаролот на МВР за Република само кратко изјави дека кога ќе има повеќе информации дополнително ќе не информира и додаде дека доколку има полициска акција, најпрво таа мора да заврши за МВР да излезе со детали за истата.

Повеќе информации очекувајте во текот на вечерта.