Хроника 27. декември 2018. / 11:28

Голема полициска акција во Тетово

Голема полициска акција во Тетово

„Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициско одделение Галате, денеска ( 27 декември ) од 1 до 3 часот, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект „Алпа маре“, сопственост на 50-годишниот Ф.Т. од Неготино-Полошко.

При контролата, во објектот биле затекнати 19 женски лица, на возраст од 21 до 37 години, кои како пејачи и танчерки ги забавувале гостите.Tие се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

Покрај нив, лишен од слобода е и сопственикот на објектот, како и М.С. ( 36 ) и Х.А.( 32 ) од Неготино-Полошко, кои ги попречувале полициските службеници во спроведувањето на акциската контрола“, се вели во извештајот на МВР.