Хроника 22. март 2019. / 15:07

Голем пожар во струшко – изгореа куќа, плевни и нискостеблеста шума

Голем пожар во струшко – изгореа куќа, плевни и нискостеблеста шума

Куќа и четири плевни биле биле зафатени од пожар во струшкото село Мороишта. Пожарот, како што соопшти денеска СВР Охрид се проширил од нива лоцирана во близина на селото.

Во пожарот целосно изгореле и над 10.000 квадратни метри нискостеблеста вегетација, кабли од електрични столбови, земјоделски алати, покуќнина и други предмети. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга, информира полицијата.

Струшката полиција и Јавен обвинител вчера извршиле увид на местото, а Полициската станица презема мерки за расчистување на случајот.