Хроника 07. март 2019. / 15:31

Голем пожар во прилепско – се прават напори да не зафати куќи

Голем пожар во прилепско – се прават напори да не зафати куќи

Околу 13 часот избувнал пожар во атарот на прилепското село Дабница. Според противпожарната единица од Прилеп која е на терен, со пожарот е зафатена борова и нискостеблеста шума на околу 15 хектари.

– Во моментов на терен се две цистерни и 11 пожарникари што се справуваат со огнената стихија. Причините за избувнување на пожарот се уште не се познати, вели Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица.

Пожарникарите прават напори да го спречат ширењето на пожарот и опасноста да ги зафати куќите во село Дабница.

Слободан Момироски, водач на групата и заменик командир на смена, вели дека боровата шума која се наоѓала лево од селото е веќе изгорена. Секој момент очекуваат помош во техника и персонал и од шумската полиција.

Противпожарната служба апелира до граѓаните од Општина Прилеп кои имаат куќи и викендички во село Дабница, да се упатат кон селото со цел да помогнат во справувањето со стихијата и зачувување на нивниот имот.