Жители на скопската населба Пинтија се обратија до Сител со фотографии дека голем пожар попладнево избил над населбата, пишува Курир.
Според фотографиите, во опасност се куќите кои се на само 200-300 метри од пламенот.
Гори сува трева и нискостеблеста шума.
На самото место се противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери.