Хроника 19. август 2019. / 16:35

Го пукал со пиштол после расправија за пасење добиток во Арачиново

Го пукал со пиштол после расправија за пасење добиток во Арачиново

На 18.08.2019 околу 17.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди добиени од пиштол е донесен З.А.(30) од с.Мојанци, општина Арачиново.

Осомничен е Б.Р. (28) од с. Брест, кој според првичните сознанија, пукал во З.А. откако претходно, околу 16 часот А.А., брат на З.А., со стап го нападнал и му нанел повреди на таткото на Б.Р. на пасиштата над с.Арачиново по расправија околу напасувањето на добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.