Во 19.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од сообраќајна незгода бил донесен 82-годишниот Ј.М. од Скопје.
Во разговор со полициските службеници тој изјавил дека истиот ден околу 18.00 часот на улица „Маџари“ бил удрен од мотоцикл со непознати регистарски таблици, кој го напуштил местото на настанот.
Се работи на расчистување на случајот.