Хроника 29. мај 2018. / 21:26

Го нападнале на Кеј и му одзеле мобилен телефон

Го нападнале на Кеј и му одзеле мобилен телефон

А.Ц.(26) половина час пред полноќ во Полициската станица Центар пријавил дека околу 22,20 часот на улицата „Кеј Димитар Влахов“  две непознати лица физички го нападнале, по што му одзеле мобилен телефон и побегнале.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.