Во моментов има голем број на полициски возила и службеници пред Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, пренесе порталот Локално.
Од извори на Локално на местото на настанот, се работи за возило марка „Голф 5“ кое влетало во болницата, а потоа и едно лице извадило пиштол и го вперило во полицијата.
Неофицијално се работи за нерасчистени сметки помеѓу две семејства, по што се случил обид за убиство прво во населбата Цементара. По инцидентот, рането лице било донесено со возилото во Градската болница.
Се работи на расчистување на случајот.