Хроника 15. јули 2020. / 12:38

Гласање во туѓо име, нудење поткуп… МВР постапува по неколку пријави за време на гласањето

Гласање во туѓо име, нудење поткуп… МВР постапува по неколку пријави за време на гласањето

Во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар во Скопје било пријавено дека пред избирачки места во основните училишта „Цветан Димов” и „Даме Груев” биле испишани графити во врска со изборите, а графити биле испишани и на основни училишта на ул.„Коста Абрашевиќ”,на ул.„Браќа Реџепагиќ” и на ул.„Петре Ѓорѓиев”, кои се во надлежност на ПС Чаир. Исто така, во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место во с. Сирково, кавадаречко, биле испишани графити во врска со изборите.

Во полициската станица Крива Паланка се пријавени два случаи на организиран превоз за гласање, како и четири пријави за агитирање кон гласачи и тоа, на ул.„8-ми Октомври”, на ул.„Јоаким Осоговски”, како и во с.Узем и с. Нерав. Агитирање е пријавено и во СВР Струмица, во с. Пиперево и во Нов Дојран, а во село Самоилово едно лице упатувало закани кон друго лице да гласа за политичка партија. Во Полициското одделение Ново Село граѓанин пријавил дека едно лице од Ново Село одзело лична карта на друго лице и гласало во негово име.

Во Полициската станица Радовиш, Ф.В. од Радовиш пријавил дека Б.И. од Радовиш му нудел пари за глас, а во СВР Битола, Е.Е. пријавила дека непознати лица и нуделе пари за глас. Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник, кој обезбедува избирачко место во училиште во село Дебреште, им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на избирачкото ливче. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола.

Во СВР Тетово, пак, било пријавено дека во ОУ „Коста Рацин” во с.Брвеница, тетовско, имало неколку непознати лица кои ги запишувале граѓаните.

За сите овие настани се преземаат мерки за расчистување и по утврдување на фактите ќе ги презентираме во јавност “, додава Ангеловски.