Хроника 04. март 2021. / 12:34

Гевгеличанец не застанал на знак од полицијата, додека бегал удрил во службено возило

Гевгеличанец не застанал на знак од полицијата, додека бегал удрил во службено возило

Вчеравечер во 23.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода И.Ѓ.(30) од село Мрзенци, гевгелиско и Л.Б.(23) од Гевгелија.

Околу 19.50 часот на Автопатот А1 – клучка Миравци, И.Ѓ. не застанал на даден знак за запирање и со своето патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое бил и Л.Б. и го напуштил местото. Подоцна, неговото возило било забележано на стариот пат Демир Капија – Неготино, каде во обид да сврти удрил во службеното возило „дачија“ и го оштетил, соопштија од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.