Хроника 08. февруари 2019. / 15:56

Германец пронајден починат во куќа во демиркаписко

Германец пронајден починат во куќа во демиркаписко

Вчера околу 18 часот во куќа во демиркапиското село Чифлик, бил пронајден починат без траги од насилство Е.Ј.(68) од Р Германија, кој престојувал во куќата.

-Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од ПС Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.