Денеска (вторник) 22.12.2020 година, во 00.48 часот на бул. Климент Охридски во близина на новата автобуска станица во Струмица, се случи тешка сообраќајна несреќа со еден повреден и голема материјална штета.
ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и 6 пожарникари – спасители интервенираше на сообраќајна несреќа во која учествуваше едно патничко моторно возило марка мерцедес.
Користени се специјални хидраулични алатки за да се извади повреденото лице од возилото, кое потоа е предадено на екипа на брза помош, се вели во информацијата од пожарникарската служба во Струмица.