Хроника 02. август 2019. / 18:25

(ФОТО) Тешка сообраќајка кај Катланово – има повредени

(ФОТО) Тешка сообраќајка кај Катланово – има повредени

Неколку лица, меѓу кои и деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево пред нaплатната рампа на патот Велес-Катланово, јавува 24 Инфо.

Повредените со возила на Итната помош се транспортираат во болниците, а полицијата врши увид. Порталот според првични информации јавува дека во сообраќајката учествувале три автомобили и камион. Камионот, кој пренесувал бостан, излетал од патот, но дали по судирот со автомобилите или за да ги избегне не е познато.

ФОТО:24 Инфо