Хроника 15. May 2019. / 09:20

(ФОТО) Стравични детали за сообраќајката кај Драчево: Загинаа пет луѓе

(ФОТО) Стравични детали за сообраќајката кај Драчево: Загинаа пет луѓе

Пет лица загинаа во сообраќајка што се случи ноќеска на влезот на скопската населба Драчево, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „Рено 5“ удрил во камион за смет на „Комунална хигиена“ во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“ на улицата „Борис Трајковски“.

Како што наведоа од МВР на местото на несреќата загинале три лица, а две се пренесени во болница каде им подлегнале на повредите. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.

Увидот треше до раните утринските часови, а сообраќајот беше блокиран.

Од МВР повеќе детали за сообраќајката најавија во текот на денов.