Хроника 19. септември 2019. / 09:56

(ФОТО) Страшно: Вчера гореше во Петровец

(ФОТО) Страшно: Вчера гореше во Петровец

Активен пожар вчера вечерта имаше во селото Коњаре, Општината Петровец, информираат од Противпожарната единица од Скопје.

– Пожар во село Коњаре, Општина Петровец. Работиме на терен. За повеќе информации ќе ве известиме подоцна. – објави на Фејсбук страницата Противпожарната единица од Скопје.

Досега нема информации за состојбата на пожарот.

Инаку пожар вчера имаше и во близина на скопското село Бардовци кој, како што информираат од Противпожарната служба комплетно е локализиран.