Хроника 08. јули 2020. / 23:42

(ФОТО) Се преврте комбе кај Струмица: Интервенција на пожарникари за извлекување на повредените патници

(ФОТО) Се преврте комбе кај Струмица: Интервенција на пожарникари за извлекување на повредените патници

Тешка сообраќајка се случила вечерва околу 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица – Валанандово, пренесе локалниот портал „Струмица денес“.

Шест пожарникари и едно возило на ТППЕ Струмица интервенирале на местото на несреќата, каде се превртило едно комби возило. Како што известува порталот, употребени се специјални хидраулични алатки за извлекување на повредените патници.

Полицијата врши увид на местото по што ќе се знаат повеќе детали.