Денеска околу 11 часот избувнал пожар во стан од зграда во гостиварска Седма зона, а во сопственост на 40-годишната Џ.Х.од Гостивар, пишува Курир.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека во пожарот нема повредени лица, а еден од станарите на погорните катови од чадот почувствувал потешкотии со дишењето и пренесен е во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
Полициските службеници кои први дошле на местото на настанот им помогнале на старите на излезат од објектот.
Со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Гостивар, на која најнепосредно и помогнале и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, кои од зградата за кусо време евакуирале петнаесетина лица, пожарот целосно е локализиран.
Увид на местото на пожарот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.