Пожар вечерва избувна во детската Клиника во Скопје.
Како што дознава Курир, станува збор за мал пожар, за кој не постоело опасност од проширување.
Неофицијално дознаваат дека пожарот настанал на местото каде пушат цигари вработените и родителите на хоспитализираните дечиња.
Од клиниката за Курир ја потврдуваат информацијата дека имало пожар, а од таму велат дека истиот веќе е изгаснат.