Хроника 09. јуни 2019. / 20:17

(ФОТО) Попладнево тешка сообраќајка кај Капиштец

(ФОТО) Попладнево тешка сообраќајка кај Капиштец

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на раскрсницата кај министерството за економија, пренесе Весник.

Во директен судар се здробија СЕАТ Ибица и Лада. Сеатот се извртел од ударот и завршил на тротоарот. Уништена му е предницата и странично од ударот.

На Ладата освен набивање на предниот лев дел над тркалото и хаубата, нема поголеми оштетувања. Тие се настанати кај Сеатот, кој е здробен.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Информации за повредени засега нема.

Повеќе наскоро.