Хроника 17. февруари 2020. / 00:49

(ФОТО) Полицијата уапси познат криминалец близок до Заев и Спасовски!

(ФОТО) Полицијата уапси познат криминалец близок до Заев и Спасовски!

Полициските сили на СВР Скопје го уапсиле Нафи Абдиоски, познат криминалец близок со лидерот на СДСМ Зоран Заев и техничкиот премиер Оливер Спасовски – дознава „Лидер“.

Како што брифираат нашите извори, Абдиоски е уапсен затоа што е осуден на шест месеци затвор, а по него се трага и за еден куп други кривични дела.

Инаку тој е многу близок до раковотството на СДСМ и во минатото прилично и вршеше работа на партијата за избори.

Освен со Заев и Спасовски, тој може да се забележи и со претседателот Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски но и со Мухамед Зекири.