Хроника 29. септември 2018. / 02:37

(ФОТО) Напаѓачите се бркаат со полиција низ Скопје: Тројцата убиени биле во овој автомобил

(ФОТО) Напаѓачите се бркаат со полиција низ Скопје: Тројцата убиени биле во овој автомобил

Ноќеска во вооружена криминална престрелка на улица Рузвелтова, во близина на крстосницата со улица Орце Николов, убиени се три лица.

Според неофицијални информации на Лидер, едно од лицата загинало на лице место а две им подлегнале на повредите на клиника.

Престрелката се случила пред зградата на СЈО, кога едно возило во движење почнало да пука врз сиво возило.

Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери. Дел од медиумите објавуваат дека едно лице починало на местото на пукотницата, а две се борат за живот.

-Телото на загинатиот и ранетите во престрелката се пренесени на Клиничкиот центар.- јавува Телма.

Неофицијално, убиен е Наим Ајети брат на познат лихвар, убиен пред неколку години.

Полицијата го обезбедува теренот и врши увид. Се уште не е познат идентитетот на жртвата и напаѓачите.

Наводно, полицијата брка едно возило во кое би требало да се наоѓаат напаѓачите.