Хроника 14. May 2019. / 16:59

(ФОТО) Кривична за екс-директорот на средно училиште во Крива Паланка

(ФОТО) Кривична за екс-директорот на средно училиште во Крива Паланка

Надворешната канцеларија за криминалитички работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.М. (69) од Крива Паланка и С.Р.(62) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против П.В.(68) од Крива Паланка и неговата приватна фирма поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

 

Миле Милековски<br />Извор: http://gjorchepetrov.edu.mk/direktori/

Во периодот од 2011 до 2016 година, Миле Миленкоски – директор на СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, без да обезбеди одобрение за градба, согласност и потребна техничка документација од општина Крива Паланка, склучил повеќе договори за изведување на градежни работи во СОУ„Ѓорче Петров“ со избраниот најповолен понудувач, приватната фирма, сопственост на пријавениот П.В. Управителот П.В., како изведувач склучил договори за вршење на стручен надзор со С.Р. – управител на приватна фирма за проектирање и инженеринг. На тој начин Миленковски на П.В., на неговата фирма и на С.Р. им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 10.372.580 денари.