Хроника 25. јуни 2019. / 19:58

(ФОТО) Kај тунелот во Катланово се судрија автомобил и камион

(ФОТО) Kај тунелот во Катланово се судрија автомобил и камион

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Велес-Скопје. Во неа учествуваа „Пежо 307“ со белградски таблички и камион.

Судирот се случил веднаш по излезот од тунелот. Автомобилот има видливи оштетувања додека пак камионот беше паркиран стотина метри подалеку, пренесува Пресинг Тв. Се уште е нејасно што е причината за несреќата но најверојатно се работи за лизгање поради влажниот коловоз.