Голем пожар го зафати комплексот од стара велешка архитектура познат меѓу велешани како “Варналиите”, објави Телма ТВ.
За сега нема информации за загрозени човечки животи, но штетата се претпоставува дека ќе биде огромна бидејќи се работи за неколку куќи кои се прогласени за културно наследство кое датира од 1868 година.
Информацијата и барањето за помош во гаснењето во Скопје стигнало пред половина час , а пожарот неофицијално почнал половина час пред полноќ. Информацијата пред неколку минути ја сподели и потврди скопската пожарна.
Во моментов имаме голем пожар во Град Велес запалени се повеќе куќи над Автобуската Станица Велес.БППЗ-Град Скопје прати помош од 3 возила за Град Велес во борба со огнената стихија