Хроника 26. август 2019. / 15:45

(ФОТО) Горат рестораните на велешкото езеро

(ФОТО) Горат рестораните на велешкото езеро

Ресторанот „Глориус“ на велешкото езеро Младост е само еден од објектите кои во моментов се во пламен, пишува Република.

Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во близина на с.Отовица. Гори борова шума и сува трева и на терен во гаснењето на пожарот се излезени од ТППЕ Велес и вработени од ШС Бабуна.

На помош во гаснењето е упатена и екипа од ТППЕ Штип. Исто така побарана е интервенција на авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.