Хроника 18. септември 2019. / 15:08

(ФОТО) Голем пожар во Бардовци: Жителите сами ги заштитуваат куќите

(ФОТО) Голем пожар во Бардовци: Жителите сами ги заштитуваат куќите

Три активни пожари во моментов беснеат околу Скопје, вели командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. Активно гори над Драчево, каде се регистрирани два шумски пожари, а екипите веќе се на терен, објави Република.

Во моментов гори и во населбата Бардовци, каде поради ветрот, огнот брзо се шири и постои опасност да ги зафати и куќите. Командантот Симоновски за „Република“ вели дека на лице место се испратени неколку екипи и дека активно се работи на гаснење на пожарот.

Очевидци за „Република“ велат дека жителите од куќите ги прскаат своите имоти со вода за да го спречат проширувањето на огнот, но ветрот го отежнува гаснењето.