Хроника 18. март 2019. / 15:04

(ФОТО) Голем пожар беснее над Скопска Црна Гора

(ФОТО) Голем пожар беснее над Скопска Црна Гора

Облаци од чад можат да се забележат попладнево од зад планината Скопска Црна Гора, пишува Курир.

Густите облаци чад се гледаат и од централното градско подрачје.

Неофицијалните информации говорат дека станува збор за голем пожар.

Од МВР за КУРИР брифираат дека полициски службеници се упатени на терен.

Подетални информации се очекуваат за подоцна.