Од засега непознати причини од денеска напладне гори сува трева над Битола. Од Територијалната Противпожарна Единица во Битола за ТВ21 велат дека во текот на денот интервенирале неколку пати, но пламените јазици вечерва се прошириле поради силниот ветер.
Моментално интервенира една екипа, но местото на пожарот е тешко пристапно за екипата. Дополнителни проблеми создава силниот ветер кој вечерва во Битола достигнува и до 80 km/h.