Тешка сообраќајна несреќа се случи во центарот на Скопје, пред ресторанот „5ка“ во непосредна близина на Министерството за економија.
Девојка со автомобил од марка БМВ излетала и удрила во столб по што уништила неколку паркирани автомобили.
Засега нема информации за повредени, но од фотографиите кои стигнаа до редакцијата на „Лидер“, предизвикана е огромна материјална штета.