Хроника 26. февруари 2021. / 14:48

(ФОТО+ВИДЕО) Демонстрантите фрлаат камења кон полицијата – тројца полицајци повредени

(ФОТО+ВИДЕО) Демонстрантите фрлаат камења кон полицијата – тројца полицајци повредени

Под мотото „Слобода, правда и демократија – Стоп на монтираните случаи“ почна денешниот протест на членови на семејствата и поддржувачи на казнетите во, според нив, судските монтирани случаи „Монструм“, „Алмир“, „Алфа“, „Харун Алиу“, „Бродец“ и други судски случаи.

Протестот почна од паркот во Чаир и учесниците во протестот продолжија да маршираат маршираат кон судовите, а планирано беше протестот да заврши пред Влада, каде се очекуваа и изјави за медиумите.

Но полицијата не им дозволи на учесниците на протестот да се упатат кон судовите и тие своите изјави почнаа да ги даваат пред Мавровка. Учесниците на протестите почнаа да фрлаат со камења и други предмети кон припадниците на полицијата.

Тројца полициски службеници се хоспитализирани во Градската болница откако се здобиле со повреди.