Хроника 15. април 2018. / 23:12

(ФОТО) Цело Ѓорче на нозе: Улицата блокирана – нема да дозволиме сообраќај дури не се реши проблемот

(ФОТО) Цело Ѓорче на нозе: Улицата блокирана – нема да дозволиме сообраќај дури не се реши проблемот

Жителите на Ѓорче Петров, со своите автомобили ја блокираа улицата „Борис Серафов“, јавува репортерот на агенцијата Макфакс.

Тие се собраа во знак на протест, по сообраќајната несреќа што се случи вечерва, а во која со автомобил беше прегазено 10-годишно момче, кое според раскажувањата на очевидците, ја минувало улицата на обележан пешачки премин.

Неофицијално, прегазеното дете од сообраќајката во Ѓорче Петров има внатрешно крвавење, напукнат череп и исчашување на едното рамо. Се работи за лице со иницијали З.П. , дознава „Макфакс“.

Собраните на протестот раскажаа дека оддамна барале да бидат поставени светлосна сигнализација и лежечки полицајци, но наишле на отпор од надлежните, иако не е прв пат да се случи сообраќајка во овој дел од градот.

Велат дека на улицата автомобилите возат 200 километри на час и стравуваат дека доколку не се презеде нешто, повторно би можело да дојде до ваква трагедија. Дел од жителите се заканија дека доколку службите не реагираат итно, тие се подготвени да прибегнат кон радикални мерки.

Текст и Фотографија: Макфакс