Хроника 25. април 2019. / 19:52

(ФОТО) Автомобил прегази човек додека си ја косел тревата во Визбегово

(ФОТО) Автомобил прегази човек додека си ја косел тревата во Визбегово

Сообраќајна несреќа се случи денес во Визбегово, кај индустриската зона, во населено место.

Како што објави очевидец на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, едно лице е повредено откако во него удрил автомобил.

Пред несреќата, лицето кое е повредено, си ја косело тревата.

Автомобилот излетал и го прегазил.

Со возило на Итна медицинска помош, повредениот е пренесен во болница.