Хроника 12. септември 2020. / 20:30

(ФОТО) Автомобил излета во провалија – пожарникари го извлекоа возачот

(ФОТО) Автомобил излета во провалија – пожарникари го извлекоа возачот

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа попладнево во струмичко.

-Денес, (сабота) 12.09.2020 година во 17.57 часот покрај патот Струмица-Цареви Кули во близина на месноста викана Двата пата, ТППЕ Струмица со 1 ПП техничко возило и 5 пожарникари интервенираше на спасување на возач од автомобил кој беше излетен во провалија, објави локалниот портал Струмица денес.

Со алпинистички јажиња и носила возачот е извлечен и предаден на екипа на брза помош.