Засилените контроли што ги спроведува МВР во сите градови од Македонија покажуваа алармантни резултати – фатени се речиси 3800 возачи кои управувале нерегистрирани возачи последниве два месеци. Почната е соодветна прекршочна процедура за наплата на глоба.
За разлика од септмеври кога имало 1500 технички неисправни возила, односно не биле регистрирани, во октомври таа бројка е зголемена, и изнесува речиси 2300 возила. Тоа покажува зголемување од речиси 40 отсто што покажува дека сопствениците на тие возила ризикуваат да бидат фатени, а истовремено го ризикуваат сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје вчера, 6 ноември биле изречени вкупно 353 мерки, меѓу кои 45 за возење без возачка дозвола, 29 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 40 мерки за некористење на сигурносен појас, 20 за користење на мобилен телефон, а изречени се и 95 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат секојдневно, а во некои делови од државата се особено засилени.