Хроника 15. March 2019. / 09:48

Фатени двајца лихвари од Радовиш

Фатени двајца лихвари од Радовиш
Two men exchanging Yuan banknote

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Р.К.(63) и С.К.(30), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, информира МВР.

Во август 2018, З.М. од Радовиш од провопријавениот побарал на заем 118.500 денари и 500 евра, при што Р.К. го условил за наведениот износ да му плаќа несразмерна камата. Во периодот од август 2018 до ноември 2018, З.М. на првопријавениот, покрај наведениот износ, му исплатил дополнителни 61.000 денари и 250 евра.

Исто така, во јануари 2019 година З.М. од второпријавениот побарал на заем 6.500 денари, но и тој го уловил да му плаќа несразмерна камата. По ова, до денот на пријавувањето на настанот, З.М. на второпријавениот, покрај наведениот износ, му исплатил дополнителни 3.000 денари.