Хроника 10. мај 2018. / 10:34

Фатен „дрзок“ крадец кој крадел златни ланчиња

Фатен „дрзок“ крадец кој крадел златни ланчиња

Триесет и седумгодишниот А.Ј. од Скопје доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека во март и мај 2018 година извршил две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, казниво по член 236 став 1/3 од Кривичниот законик на Република Македонија, и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 65.000 денари.

Имено, како што соопшти МВР, на 09.03.2018 година околу 16.30 часот, движејќи со по бул. „ВМРО“, пријавениот се доближил од позади до оштетената и со употреба на сила и го скинал златното ланче од вратот, по што побегнал во непознат правец. Подоцна, одземеното златно ланче го продал во населба Шуто Оризари.
Кривичното дело го повторил и на 07.05.2018 година. Околу 11.45 часот на ул. „Кирил и Методиј‘‘, на ист начин одзел златно ланче од друга оштетена, по што побегнал.