Касно синоќа е убиен Наим Ајети (десно со црната маица) брат на познат лихвар, убиен пред неколку години. Убиениот Наим Ајети е близок пријател со сопругот на градоначалничката на Арачиново од СДСМ, Миликије Халими (лево на сликата).
Убиениот Наим Ајети е партиски активист на СДСМ. ,,Лидер” ги поседува тие фотографии но поради референдумскиот молк, не смееме да ги објавиме.
Престрелката се случила пред зградата на СЈО, кога едно возило во движење почнало да пука врз сиво возило.
Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на ул. „Франклин Рузвелт“ починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа“.
Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа“ во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење. На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Наим Ајети а другите двајца Ф.Е (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила ноќеска биле пренесени во Ургентниот центар од кои едниот им подлгенал на повредите.