Една година и осум месеци затвор за загрозување на сигурноста кон неговата сопруга и за заканите упатени кон новинарката Мери Јордановска доби Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар.
Пресудата денеска беше изречена од скопскиот Кривичен суд.
Обвинителството предложи, а судот прифати тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата.
Јакимовски ќе треба да лежи во психијатриската болница Бардовци, додека лекарите не утврдат дека е во подобра здравствена состојба пред тој да биде вратен во затвор. Адвокатот Александар Марцикиќ утврдил дека за Јакимовски е потребно задолжително лекување бидејќи може да го повтори делото, со оглед на тоа дека страда од психичко нарушување.
Јакимовски беше уапсен на 17 јануари, по пријавите за навреди и закани кон новинарите Искра Коровешовска и Мери Јордановска.
Тој беше пријавуван дека се заканувал и на директорката на Централен регистар, а закани упатуваше и кон градоначалникот на Кавадарци.