Хроника 02. декември 2018. / 10:30

Експлодира бојлер во градинка во Кавадарци

Експлодира бојлер во градинка во Кавадарци

Во градинка во Кавадарци синоќа експлодирал бојлер. Нема повредени, потврдија за МИА од Теритиријалната противпожарна единица од Кавадарци.

– Ни трага од бојлерчето по експлозијата, само грејачите беа останати. Мијалникот беше сокршен, плочките од околу одлепени. Вратата која била отворена, ја најдовме изгорена. Таму, но и во ходниците имаше поголемо количество чад. – појаснија од противпожарната единица.

Пожарот прво бил забележан од обезбедувањето на градинката кое вршело патрола.

– Нивната навремена дојава и нашата навремена интервенција спречија поголема трагедија. – рекоа од противпожарната служба.