Вработен во полиција во Ѓорче Петров неовластено снимал и дистрибуирал порнографски материјали, дознава Економски Лидер.
Фотографиите и видео материјалите вработениот ги чувал на службениот комјутер во станицата во Ѓорче Петров, а поради основи на сомнение за сторени кривични дела, на 18 – ти во петокот од страна на Внатрешна контрола е извршен претрес во неговиот дом. Одземени се материјали, како и неговиот службен комјутер кои ќе бидат дадени на вештачење.
Информацијата ја потврдија и од страна на Министерството за внатрешни работи.
На 18.12.2020 год. постапувајќи по сознание за фото и видео материјали со порнографска содржина, како и слики и видеа од неовластено снимање во фолдер на службен компјутер кој се користи во ЕВР Ѓорче Петров, од страна на полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди врз основа на претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од ОС Скопје 1, Поради основи на сомнение за сторени кривични дела извршен е претрес на дом и други простории кај вработен во МВР, при што се одземени 3 телефонски апарати, два екстерни хард дискови сопственост на вработениот. Исто така по насока од ОЈО е одземен и службениот компјутер од ЕВР Ѓорче Петров кој заедно со останатите предмети по Наредба од ОЈО Скопје ќе бидат доставени на вештачење до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.