Исламски екстремизам во врвот на владејачката СДСМ. Сопругот на висока функционерка на партијата во минатото екстрадиран за терористички напад над државата Израел!
Се сеќавате на Мерсиха Смајловиќ? Функционерката на СДСМ која во стилот на Адолф Хитлер даде анти-семитистичка изјава дека министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи треба како еврејка да се обележи себеси со Давидова ѕвезда?
Владејачката СДСМ, до ден денес не се огради од изјавата на својата Мерсиха, што редакцијата на „Лидер“ ја натера подлабоко да истражува за случајот. Дојдовме до фрапантни. Погледнете го видеото:
Јасмин Реџепи, сопругот на Мерсиха Смаиловиќ во јуни 2010 бил депортиран од Израел во Македонија затоа што бил затекнат на бродот „Мави Мармара“ кој вооружен сакал да изврши напад врз Израел. На бродот тој бил затекнат заедно со уште двајца македонски државјани, Сали Емин и Сеад Асипи.
Сопругот на Мерсиха, заедно со своите сопатници влегува во судир со израелските војници кои се обидуваат да го спречат овој терористички брод кој го напаѓа Израел. За ова постојат и снимки.
За нападот кој го врши Јасмин Реџепи, инаку активист на СДСМ исто како и неговата сопруга, тој се наоѓа на црната листа на неколку западни земји во кои му е забранет влез. По доаѓањето на Зоран Заев на власт, тој е дел од нашата администрација.
Што сака да постигне СДСМ со ангажманот на вакви екстремисти? И дали тие треба да го водат нашето општество како државни функционери? Одлучете Сами