Експлицитни фотографии од претепан затвореник во затворот Идризово пристигнаа до редакцијата на Економски Лидер.
Инцидентот се случил во четвртокот, кога затвореникот Шакир Исеини беше претепан, а за овој настан не е заведена никаква службена белешка, велат извори од затворот за Лидер.
Според информациите, затворската управа засега нема ништо преземено за овој скандал и случајот останува нерасветлен.
Ги повикуваме надлежните соодветно да реагираат доколку се потврдат нашите сознанија.
На фотографиите може да се забележат видни повреди на лицето на Исеини.
Ве предупредуваме дека станува збор за експлицитни фотографии.