Хроника 27. јули 2019. / 16:31

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Полицајци земаат мито на Ќафасан

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Полицајци земаат мито на Ќафасан

Гранична полиција на преминот Ќафасан им зема пари на патниците од Албанија. Ова се случувало подолг период и според информации на АлсатМ цел начјесто се патници од Албанија кои доаѓаат на сезонска работа во земјава.

Случајот е пријавен во полиција, а на социјалните мрежи се објавени видеоснимки на кои се гледа земањето пари – по 10 евра од секој сезонски работник. Внатрешна контрола на МВР отоврила истрага за тројца полицајци со иницијали А.В, А.З и Ш.М.